Не помогна „бомбата“ на Собослаи: Сити со пресврт се радуваше на „Енфилд“ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Манчестер сити се радуваше во дербито против Ливерпул и тоа со пресврт 2-1.

Манчестер сити беше подобриот тим во првото полувреме и создаде повеќе прилики пред голот на Алисон, но не успеа таа иницијатива да ја круниса и со гол.

Така на паузата се замина со почетниот резултат. По враќањето на теренот улогите на теренот се промени, Ливерпул се разбуди и почна повеќе да напаѓа.

Резултатот беше отворен во 74. минута и тоа со еден прекрасен гол на Доминик Собослаи од слободен удар. Тогаш изгледаше дека Ливерпул е блиску да ги освои бодовите, најмногу и поради подобрата игра во тој период.

Сепак, Бернардо Силва десет минути подоцна донесе израмнување. По тој гол, Сити тргна и по комплетните три, а тоа им се исплатеше бидејќи Халанд во судиското продолжение се погрижи за целосен пресврт. Собослаи во самиот финиш по еден дуел Халанд заработи и црвен картон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×