Медиумите од Германија пренесуваат дека Ајнтрахт Франкфурт сака да го ангажира Чаби Алонсо, популарните „орли“ денеска се разделија со Дино Топмелер и се во потрага на нов тренер.
Чаби Алонсо не издржа многу во Реал Мадрид, но очигледно многумина ја ценат неговата работа на кормилото на Баер Леверкузен, па не помина ниту една недела од отказот, а втор клуб тропна на неговата врата.
Ајнтрахт Франкфурт денеска се раздели со Дино Топмелер, и прво име на ум за нов тренер им е токму Чаби Алонсо.
Како што пренесува Билд, спортскиот директор Маркус Креше инсистира на состанок со Чаби Алонсо за да му го објасни проектот на „орлите“.
Сепак, се верува дека Шпанецот не е заинтересиран за овој предлог, и слично како и за гласините кои го поврзуваа со Тотнем, ќе чека на попримамлив предлог.
Кога беше јасно дека ќе го напушти Баер Леверкузен, Чаби Алонсо се поврзуваше со Реал Мадрид, Ливерпул и Баерн Минхен, па веројатно стратегот сака клуб од сличен калибар.