Не одигра ниту една минута во Катар, но од мундијалот ќе има убав спомен и дрес од Лео Меси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Австралија во
одлично светло се претстави на Светското првенство, победи во дуелоте со Тунис
и Данска и обезбеди осминафинале, а таму, добро ги испотија Аргентинците и
малку фалеше да ги шокираат во финишот.

По крајот на натпреварот,
добар дел од фудбалерите на Австралија побараа да разменат дрес со Лео Меси, а среќникот
беше 24 годишниот Камерон Девлин, кој трпеливо го чекаше напаѓачот на ПСЖ да ја
прими наградата за фудбалер на натпреварот и потоа да разменат дресови.

Камерон Девлин можеби
не одигра ниту една минута во Катар, но од мундијалот ќе има убав спомен,
дресот на еден од најдобрите фудбалери во историјата, и тоа од јубилејниот
натпревар број 1.000.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани