Не очекуваше ваков одговор: Енцо Мареска остана без зборови по коментарите на бразилски новинар

by bojan
1 минути читање
Мареска остана без зборови

Тренерот на Челси, Енцо Мареска остана без зборови откако доби неочекуван коментар од бразилски новинар, кој му посочи дека Флуминенсе оваа сезона има одиграно дури 70 натпревари.

Енцо Мареска синоќа се појави на прес-конференција во пресрет на полуфиналето помеѓу Челси и Флуминенсе на Светското клупско првенство.

Предводникот на „сините“ на средбата со новинарите говореше за заморот и како тоа клубовите од Европа се во подредена ситуација во однос на останатите поради долгата сезона и големиот број на натпревари.

„Двете екипи влегуваат на турнирот во различни ситуации. Колку официјални натпревари имаат одиграно бразилските екипи оваа сезона? Ние имаме одиграно 63 натпревари!“ – почна Енцо Мареска.

„Европските тимови влегуваат во ова натпреварување поинаку од бразилските или јужноамериканските, поради бројот на натпревари што сме ги одиграле, но ја имаме истата желба за победа како и вие“.

„Работата е што условите се различни, ние сме тука по 60+ одиграни натпревари, а вие сте тука по…“

Еден бразилски новинар веднаш му одговори: „70, ние одигравме 70 натпревари во истиот период. Тоа се повеќе натпревари“.

По ваквите коментари, тренерот на Челси остана без зборови, па веднаш се префрли на друга тема.

ФОТО: X/Print screen

Можно е и ова да ти се допаѓа

×