269
Килијан Мбапе веќе го постигна својот прв гол во дресот на Реал Мадрид, Французинот вечерва ја затресе мрежата на Аталанта во Суперкупот на Европа.
Трансфер сагата која траеше со години, заврши ова лето, Килијан Мбапе стана нов „галактико“.
И покрај тоа што беше на продолжен одмор по настапот на Европското првенство и тренираше само една недела, Французинот доби шанса да го предводи нападот на Реал Мадрид против Аталанта во Суперкупот на Европа.
И не само што дебитираше во белиот дрес, тој веднаш го постигна и првиот гол.
Во 68. минута од натпреварот одлично се отвори и додавањето на Белингем го претвори во водство на „кралевите“ од 2-0.
KYLIAN MBAPPÉ FIRST REAL MADRID GOAL! pic.twitter.com/ndYyLL5xA9
— TC (@totalcristiano) August 14, 2024