Џејми Варди е во фокусот по синоќешниот натпревар помеѓу Лестер и Тотнем, 37 годишниот напаѓач имаше свое шоу и повторно ги освои симпатиите на неутралните фудбалски фанови.
На љубителите на фудбалот добро им е позната приказната на Џејми Варди, кој од аматерски фудбал стигна до трофеј во Премиерлигата и ФА Купот.
По една сезона во втора лига, Џејми Варди и Лестер се вратија во елитата и вчера го пречекаа Тотнем на Кинг Пауер стадионот.
Напаѓачот имаше свое шоу, па утрово е главен на социјалните мрежи.
Кога беше заменет, маестрално им одговори на гостинските навивачи кои цел натпревар го провоцираа, па им порача дека тој и Лестер имаат една титула во Премиерлигата, а тие немаат ниту една.
Потоа влезе и во вербална војна со фудбалерите на Тотнем и најкултурно му порача на Ромеро да „одј*бе’.
А на полувремето љубителите на фудбалот видоа типична слика за Џејми Варди, напаѓачот си пиеше Ред Бул при излегувањето од тунелот, како да е најнормална работа за еден професионален фудбалер.
12 минути подоцна, тој ја затресе мрежата на Тотнем и донесе бод за Лестер.
Yes that is Jamie Vardy at 37 years old downing a Red Bull at half time of a Premier League game
— Optus Sport (@OptusSport) August 20, 2024
‘Still managing to keep the standards up.’ pic.twitter.com/LLEL1jt4kw