Не му оди на Симеоне: Атлетико без победа и по три кола во Ла Лига

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и по две кола остануваат без победа во шпанската Ла Лига откако денеска одиграа само 1-1 на гости кај Алавес.

Тргнаа добро избраниците на Диего Симеоне и по само седум минути игра неговиот син Џовани го отвои резултатот.

Сепак, радоста на гостите од Мадрид не траеше долго, веќе во 13. минута Висенте од пенал се погрижи за израмнување.

Во претходните два натпревари ремизираа со Елче, исто така 1-1 и загубија од Еспањол 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×