150
Лук Шо во изминатите две сезони имаше само 22 настапи во Премиерлигата, има уште една сезона од актуелниот договор со Манчестер јунајтед, но не планира да си оди.
Зборувајќи за подготвителната турнеја во САД, тој рече дека е посветен да му докаже на Мурињо дека може да игра во првиот тим.
„Има шанса за сите фудбалери, не само за мене. Јас така гледам на работите. Сакам да му докажам на тренерот дека можам да играм во неговиот прв тим. Кога сите ќе се вратат, сакам се уште да бидам првото име на тимскиот лист. Време е да му покажам дека можам да бидам во тимот“, изјави Лук Шо.
