Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор вчера уште еднаш го покажа својот проблематичен карактер и во финишот од натпреварот против Валенсија (2:1) заработи црвен картон откако го нападна македонскиот голман Столе Димитриевски.
Винисиус беше лут откако по еден дуел не доби пенал и тргна да го нападне Димитриевски. Судијата по повикот од ВАР собата одлучи да го испрати Бразилецот предвреме во соблекувалната.
🚨 Vinicius Jr after being sent off against Valencia.@emeroig 🎥 pic.twitter.com/tEDJDwKtTG
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 3, 2025
Но, снимките кои беа објавени по завршувањето на средбата на социјалните мрежи покажуваат дкеа Винисиус толку многу збеснал кога добил црвен картон, па сакал да се пресмета и со судијата, но го спречиле членовите на стручниот штаб на Реал Мадрид.