„Не можам со полиција да го терам да тренира!“

by bojan
1 минути читање
Џозеф од Лидс одбива да тренира и сака трансфер во Шпанија

Тренерот на Лидс, Даниел Фарке искрено говореше за ситуацијата со напаѓачот Матео Џозеф кој сака трансфер и одбива да тренира.

Во денешно време, фудбалерите често посегнуваат по непопуларниот потег да одбијат да тренираат со цел да изнудат трансфер.

Виктор Ѓокереш е најзвучното име кое ова лето се реши за штрајк во намерата да обезбеди преселба во Арсенал.

Ваков чекор повлече и Матео Џозеф од Лидс, кој сака да се врати во Шпанија по секоја цена.

„Дојде и ни кажа дека сака нов предизвик, дека му е потребна промена, свеж воздух. Исто така ни даде до знаење дека преферира да замине во Шпанија, каде што има корени“ – изјави Даниел Фарке во своето искрено обраќање.

„Не информираше дека поради оваа ситуација, не се чувствува подготвен да патува, да тренира и да игра пријателски натпревари во Германија“.

„Не ми се допаѓа оваа ситуација, отворено разговарав со него и му предложив да биде професионалец до крај, и да ги извршува обврските се додека не се најде решение за ситуацијата“.

„Но тој ми рече дека не бил психички подготвен за сето тоа“.

„Што можам да направам? Не можам да повикам полиција за да го натерам да тренира?“

ФОТО: X/Leeds United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×