Не можеше да мине без средба на Роналдо и Ферги, еве што му порача ЦР7 на „шефот“ (ФОТО)

by
1 минути читање

Португалецот
имаше емоцинално враќање на „Театарот на соништата“ каде што настапуваше од
2003 до 2009 и каде се промовираше во следната голема фудбалска ѕвезда.

Сер Алекс
Фергусон беше човекот кој го трасираше на патот кон врвот, па неизбежна беше
средбата помеѓу двајцата. ЦР7 денеска на социјалните мрежи ја сподели слика со
„шефот“ и му испрати порака.

„Голем тренер и
пред се прекрасна личнот. Ме научи многу работи како на теренот така и надвор
од него. Мило ми е што гледам дека си добро шефе!“
– напиша Кристијано
Роналдо.

Легендарниот
тренер на „Црвените ѓаволи“ во мај имаше мозочен удар, беше итно опериран
но добро се опорави и минатиот месец за прв беше во ложата на Олд Трафорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×