Не може да се игра фудбал од карантин, одложени натпреварите Сити-Реал и Јувентус-Лион

by
1 минути читање

УЕФА следната
недела ќе разговара за иднината на Лигата на шампиони, Лига Европа и ЕВРО 2020,
но во меѓувреме одлучи да одложи два натпревари од осминафиналето во
најелитното европско натпреварување.

Следната недела
нема да играат Манчестер Сити-Реал Мадрид и Јувентус-Лион. Европската куќа на
фудбалот немаше друг избор откако во карантин се ставени фудбалерите на Реал
Мадрид и Јувентус.

„Кралевите“ се во
изолација откако член на кошаркарскиот тим е позитивен на коронавирус, а
„бјанконерите“ се во изолација откако Даниеле Ругани стана првиот играч во
Серија А заразен со Ковид 19.

Во моментов нема
информации за мечот помеѓу Барселона и Наполи, кој исто така сигурно ќе бдие
одложен поради забраната за летови од Италија која беше воведена од властите во
Шпанија, и поради која веќе беа одложени два меча од Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×