Поранешниот фудбалер на Челси, Џо Кол не може да поверува колку лесно Барселона се откажала од младиот Марк Гуи, кој синоќа постигна хет-трик против Шамрок Роверс во Конференциската лига.
Минатото лето, Челси со само 6 милиони евра го ангажираше перспективниот Марк Гиу од Барселона.
Младото момче на Стемфорд Бриџ главно добива шанса во Конференциската лига, каде вчера против Шамрок Роверс постигна хет-трик и стигна до шест погодоци во ова натпреварување.
Следејќи го мечот како стручен коментатор на ТНТ Спортс, Џо Кол смета дека Марк Гиу има се што треба за да стане топ напаѓач и да биде новиот Луис Суарез.
„Не ми се верува дека Барса го пушти Гуи во Челси… Тој има само 18 години и за две години може да стане страшна 9-ка. Мислам дека има се што треба за да стане топ напаѓач“ – вели поранешниот фудбалер на „сините“.
„Мислам дека Барселона направи голема грешка“.
„Тој потоа додаде: „Пред некое време го споредив со Луис Суарез и добив многу критиките. Видете, не велам дека тој во моментов е Луис Суарез, но го има тој инстинкт и храброст“.
„Го следам внимателно и забележувам дека има веќе има квалитети кои не се учат. Знае како да се позиционира во шеснаесетникот, има одличен инстинкт, агресивен е, храбар е. Сите останато може да се исполира во текот на годините“.