Жерард Пике е во
центарот на вниманието изминативе денови по неговото гостување во популарната
емисија „Ла Ресистенсија“ од каде упати провокации до Реал Мадрид и градскиот
ривал Еспањол.
Дефанзивецот
синоќа доби одмор против Виљареал, Валверде го чуваше од картони во пресрет на
дербито со Атлетико, но и покрај тоа што целиот напревар го преседе на клупата,
некако успеа да влезе во расправија.
Камерите во
финишот од мечот го уловија играчот на Барса како се расправа со Алваро
Гонзалез од Виљареал. Домашниот фудбалер заработи црвен картон во 86. минута, и
кога се упати кон соблекувалната имаше вербален дуел со Жерард Пике.
Останува да се
види што си дофрлале двајцата дефанзивци, но Алваро Гонзалез не ја „мириса“
многу Барса, откако две години беше дел од Еспањол. Тој во 2016 влезе во
конфликт со Лео Меси и му кажа „многу си грд“.
@3gerardpique – World class player ,Referee ,Manager,
Director pic.twitter.com/yFVzYbmJdJ— Jimmy (@jimmy5_11) April 2, 2019