„Не изгледа добро“ – Клоп смета дека повредата на Алисон е посериозна

by
1 минути читање

Ливерпул со
убедливи 4-1 го совлада Норич на стартот од Премиерлигата, но лоша вест е тоа
што Алисон Бекер мораше предвреме да го заврши мечот.

Пред крајот на првиот
дел, голманот откако расчисти една топка веднаш сигнализираше до клупата дека
нешто не е во ред.

Бразилецот го
повреди листот на десната нога, и иако во прв момент му беше понудено на
носилки да го напушти теренот, тој стана и со помош на еден од физотерапевтите
се упати во соблекувална.

„Мислел дека
нешто го погодило во листот на ногата, и тоа не е добар знак. Не изгледа добро,
спортистите знаат за што зборувам. Веројатно се работи за повеќе од обично истегнување на мускулот, ќе треба да почекаме и да видиме што ќе кажат деталните
тестови“
– рече тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по крајот на мечот.

„Уште сега можам
да потврдам дека нема шанси да настапи во среда (дуелот со Челси во
Суперкупот на Европа)“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани