Не им помогна ни пенал во 97. минута, Лацио го победи Јувентус во Торино (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лацио со пресврт во второто полувреме го победи Јувентус со 2-1 во Торино.

Јувентус добро го почна мечот, во 23. минута Даглас Коста се најде на вистинското место и му донесе водство на својот тим од 1-0.

По само две минути игра во второто полувреме, одлична акција на Лацио која со гол ја круниса Имобиле за изедначување на 1-1.

Во 52. минута по еден старт на Буфон, судијата покажа пенал за Лацио, Имобиле беше сигурен реализатор за пресврт и водство на Лацио од 2-1.

Течеше судиското продолжение кога по остар старт од Патик Габарон судијата заслужено покажа на белата точка. Пауло Дибала во 97. минута не успеа да реализира пенал.

На крајот Лацио заслужено славеше победа со која бодовно се изедначи со Јувентус на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани