Фудбалската репрезентација на Нигерија е третиот полуфиналист на Африканскиот Куп на Нации, откако во денешниот четвртфинален дуел убедливо го совлада Алжир со 2-0 (0-0).
По разочарувачкиот пораз од Конго пред два месеци, со кој останаа без пласман на Светското првенство ова лето, „супер орлите“ покажаа карактер кога беше најпотребно и со одлично второ полувреме обезбедија место меѓу четирите најдобри селекции на континентот.
Решавачкиот момент на натпреварот се случи во краток период од десет минути, во кој Алжир целосно потклекна. Веќе во втората минута од второто полувреме првата ѕвезда на Нигерија, Виктор Осимен, го совлада голманот Зидан и донесе водство од 1-0. Само десет минути подоцна, Адамс повторно ја затресе алжирската мрежа и ги постави конечните 2-0.
Во полуфиналето Нигерија ќе има сериозен предизвик, бидејќи ќе се сретне со домашната селекција на Мароко.
Во второто полуфинале, Сенегал ќе го чека победникот од вечерашната пресметка меѓу Брегот на Слоновата Коска и Египет.