Македонскиот фудбал денеска се збогува со Васил Рингов, човекот кој остави длабок трага во македонскиот фудбал и испишуваше историја со Вардар.
Токму поради тоа и „Комити“ не го заборавија неговиот придонес во „црвено-црниот“ дрес.
За Вардар Рингов одигра повеќе од 200 натпревари во кои постигна 93 гола.За Вардар одигра повеќе од 200 натпревари во кои постигна 93 гола.
„Толку тешко ви паѓа за Вардар? – Многу!“
Со огромна тага се збогуваме со една од најголемите легенди на клубот, од човекот со кој израснаа генерации, дел гледајќи го, дел растејќи со приказните за него, од човекот кој имаше став додека многумина стоеа на страна, од големиот Васил Рингов!
Изразуваме сочувство до семејството и пријателите, до целата црвено-црна јавност, затоа што оваа болка е заедничка!
Ние не забораваме, вечно ќе се помни Ринговата мајсторија!“, објавија „Комити“