72
Светската куќа на
фудбалот немаше милост за Лео Меси и му изрече максимална суспензија од четири
натпревари за навреди упатени на адреса на судијата.
Аргентина веднаш
достави жалба, а локалните медуми сега објавуваат што кажал играчот во своја
одбрана.
„Моите коментари
не беа наменети кон помошникот, зборував во воздух” – се правдал Лео Меси, според
весникот Ла Насион.
Фудбалската
Федерација на Аргентина потврди дека заедно со жалбата била испратена и порака
од Лео Меси, но не открија повеќе детали.
Доколку
пишувањата на Ла Насион се точни, ова е прилично смешен изговор и тешко е за
верување дека ФИФА ќе ја промени одлуката на основа на изјавата од Лео Меси.