Ерлинг Халанд откри дека дефанзивецот на Италија, Џанлука Манчини користел валкани тактики и го фаќал за задникот во обид да го исфрли од ритам, но на тој начин само го мотивирал повеќе.
Норвешка моќно ги финишираше квалификациите за Светското првенство откако синоќа со 1-4 славеше на гостувањето кај Италија и го потврди првото место во својата група.
„Аѕурите“ доминираа во првиот дел и на полувреме заминаа со 1-0, но Норвешка го подигна нивото во продолжението од натпреварот и дури четири пати ја затресе мрежата на Џиџо Донарума.
Ерлинг Халанд постигна два гола во две минути, а по крајот на натпреварот откри дека бил екстра мотивирам откако Џанлука Манчини со валкани тактики се обидел да го исфрли од ритам.
„Во неколку наврати ми фати за задникот. Си реков, „Што му е на овој, што прави?“ Адреналинот ми удри малку во глава, па му почнав да му се дерам, „Фала ти за мотивацијата, сега ќе видиш!“ Постигнав два гола, победивме со 4-1, па се добро се заврши. И тоа се благодарејќи на него!“ – рече Ерлинг Халанд за дуелот со дефанзивецот на „аѕурите“.
ФОТО: fb/Fotballandslaget