Зинедин Зидан на
вчерашната прес конференција откри дека младиот Марко Асенсио ќе го пропушти
дуелот со АПОЕЛ на Баернабеу.
Французинот на
располагање има голем број на ѕвезди, па отсуството на Шпанецот немаше да биде
толку голема вест доколку не се работеше за бизарна причина поради која тој не
е во комбинација.
Официјалното
образложение на Реал Мадрид е дека Марко Асенсио има инфекција на ногата, таа
му предизвикува непријатност кога трча, па нема да ризикуваат.
Но медиумите од
Шпанија пишуваат дека ова не е целата приказна, односно „Кралевите“ не кажуваат
како настанала инфекцијата.
Извештаите велат
дека Марко Асенсио пред неколку дена се депилирал и зарабатил инфекција при
отстранвуање на влакната на нозете.