Не е само Варан, Комо мерка уште две големи имиња

by bojan
2 минути читање
Варан

Медиумите од Италија пренесуваат дека Рафаел Варан не е единството звучно име кое ќе пристигне во Комо ова лето, Мемфис Депај и Антони Марсијал исто така се дел од листата со желби.

Комо е прилично амбициозен на трансфер пазарот по обезбедениот пласман во Серија А.

Андреа Белоти и Алберто Досена веќе потпишаа за клубот, а се говори дека Комо се има договорено и со двајца поранешни играчи на Ливерпул, оносно Пепе Рејна и Алберто Морено.

Се водат преговори и со Родри Санчез од Бетис, како и Пау Лопез од Марсеј.

Рафаел Варан е најзвучното име чиј потпис го брка Комо, и вчера се појавија информации дека Французинот кажал ДА и ќе ја продолжи кариерата во Серија А.

Но дефанзивецот нема да биде единствената ѕвезда, Комо се распрашува и за уште неколку слободни играчи како Мемфис Депај и Антони Марсијал.

Холанѓанецот не е баш убеден од проектот, додека пак со Французинот разговорите течат нормално и одат во права насока.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани