Реал Мадрид ја разгледува опцијата во пакет да ги ангажира Трент Александер Арнолд и Вирџил ван Дајк, двајцата фудбалери ги одработуваат последните месеци од договорите со Ливерпул.
„Кралевите“ подолго време се поврзуваат со ангажман на Трент Александер Арнолд, десниот бек е прилично примамлива опција со оглед на тоа дека е под договор со Ливерпул до јуни 2025 и веќе следниот месец може да потпише пред-договор.
Но последните информации велат дека Реал Мадрид сака да направи сензационален двоен трансфер од Ливерпул, и заедно со ТТА во пакет да го ангажира и Вирџил ван Дајк.
Холанѓанецот исто така ги одработува последните месеци од договор со „црвените“ и никако да пристигне абер дека двете страни се блиску до продолжување на соработката.
Па доколку Реал Мадрид успее да реализира една ваква зделка, ќе донесе две квалитетни засилувања за одбраната без да потроши ниту едно евро.