На почетокот од
оваа недела медиумите блиски до Барселона пренесоа дека Нејмар би можел да
замине од Камп Ноу ова лето.
Семејството на
играчот се почесто и погласно го советува да замине од Барселона.
Наводно проблем
бил Лео Меси и тоа што Нејмар покрај Аргентинецот никогаш нема да добие
признание на индивидуално ниво.
„Покрај Меси
секогаш ќе бидеш втор, секогаш ќе бидеш во неговата сенка” – гласел советот кој го добил
напаѓачот.
„Светците“ се
подготвени да платат 222 милиони евра и да ја активираат откупната клаузула, а се говори дека самиот Нејмар веќе дал зелено светло.
Медиумите од
Каталонија сега пренесуваат нови детали, и сенката на Меси очигледно не е
причината за трансферот.
Покрај тоа што
Нејмар во Париз ќе стане еден од најплатените играчи со примања од над 30
милиони евра по сезона, неговиот татко ќе добие голем бонус.
Слично како при
трансферот во Барса, кога „Каталонците“ му исплатија 40 милиони евра, Нејмар
сениор сега ќе добие исплата и од ПСЖ која ќе биде многу повисока.
Па очигледно тој
има многу милиони причини да го советува својот син да замине, а не само да се
вади на Меси и сенката на Аргентинецот.