Не е само Сари, Ањели опоменал и шестмина играчи на Јувентус, под итно мора да ја подигнат формата

by
1 минути читање

„Старата дама“ долги години доминира во Калчото, но оваа сезона работите не одат според планот. Во моментов, Јувентус има ист број на бодови со Интер на врвот на табелата, а Лацио се наоѓа на само минус еден.

Двата порази на последните три меча ги вклучија аламрите, претседателот Андреа Ањели по загубениот меч од Верона имаше средба со тренерот Маурицио Сари.

Се говори дека тој потоа се сретнал со директорите Павел Недвед и Фабио Паратичи за да добие подобра слика за случувањата. Шпекулациите велат дека Андреа Ањели исто така се појавил и во тренинг центарот за да опомене неколку играчи.

Дури шестмина биле прекорени за слабите изданија и под итно мора да ја подигнат формата. Станува збор за Миралем Пјаниќ, Блес Матуиди, Федерико Бернардески, Даглас Коста, Алекс Сандро и Гонзало Игуаин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×