Тренерот на Интер, Кристијан Киву, немаше причина за задоволство по поразот во Норвешка во првиот натпревар од плејофот за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Освен негативниот резултат, дополнителна грижа за „нераѕурите“ претставува и повредата на капитенот и најдобар стрелец Лаутаро Мартинез.
„Го загубивме на одредено време. Лаутаро е повреден и станува збор за прилично сериозна повреда“, изјави Киву на на прес-конференцијата пред новинарите.
Стратегот на Интер се осврна и на проблемот со вештачката трева, но не бараше изговори.
„Факт е дека нивните фудбалери се навикнати на таков терен, но тоа не е оправдување. Знаевме дека можат да ни создадат големи проблеми и за жал тоа се случи. Сега следува реваншот. Ќе се обидеме дома да избориме пласман во следната рунда“, порача Киву.
Реваншот се игра во вторник, на 24 февруари, во Милано.