173
Медиумите од Франција пренесуваат дека судот дополнително го понижил ПСЖ и му наредил целата пресуда да стои објавена на почетната страна на официјалната веб страна.
Попладнево беше објавено дека Килијан Мбапе издвојувал голема правна битка, Парискиот суд за работни спорови пресуди во негова корист и му нареди на ПСЖ да му исплати 61 милион евра на напаѓачот.
Но не само тоа, РМЦ и Ле Парисиен објавија дека „светците“ дополнително биле понижени.
Судот наложил целосната пресуда да стои објавена еден месец на почетната страна на официјалната веб страна на ПСЖ.