Ламин Јамал се најде во проблеми откако за својата роденденска забава по повод полнолетство „посегна“ по поинаков тип на забава. Тој најми луѓе со низок раст или џуџиња кои во Шпанија се доста популарни на забавите. Познатите и богатите плаќаат за на своите забави да имаат џуџиња кои прават акробации, а тоа не им се допаѓа на сите.
Младата ѕвезда на Барселона може да се најде и во посериозни проблеми со законот, па дури и да заврши на суд.
Сепак, тој не е прв фудбалер кој се решил за ваков потег и овој вид на забава. Досега со фотографии од слични забави имаат објавено неколку фудбалери.
Станува збор за екс-играчите на Милан, Тео Ернандез и Саму Кастиљехо, а поврзуван е и Алехандро Гарначо.