Не е само Гарначо, Наполи почна да работи и на план Б за замена на Кварацхелија

by riste
1 минути читање

Наполи почна преговори со Манчестер јунајтед за ангажман на Гарначо, но откако нивната прва понуда беше одбиена, тие тропнаа и на вратата на Борусија Дортмунд за да го ангажираат Карим Адејеми.

Денеска Наполи официјално ги контактирале луѓето од Борусија Дортмунд и се подготвени да дадат сериозна понуда за Адејеми.

Паралелно побарале дозвола да преговараат и со фудбалерот за личните услуги.

Во меѓувреме Манчестер јунајтед преговара и со Челси за Гарначо.

Како што во моментов стојат работите до крајот на преодниот рок може да се случи Гарначо да се пресели во Челси, а Адејеми во Наполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани