Легендарниот Стивен Џерард се истакна како главен кандидат за наследник на Расел Мартин кој доби отказ во Ренџерс, но сега се појави и ново име кое е опција за тренер на македонскиот напаѓач, Бојан Миовски.
Ренџерс има само една победа во првите седум кола, што е учинок каков што не се памети во историјата на еден од најголемитек лубови во Шкотска. Ренџерс со Мартин не се прослави и во двомечот против Клуб Бриж во квалификациите за ЛШ кој го загуби со вкупни 9-1.
По ваквиот пад во формата, очекувано беше тренерот Мартин да ја плати цената и клубот ќе го искористи периодот на репрезентативната пауза за да назначи нов стратег.
Иако Џерард се сметаше за прв фаворит да се врати на „Ајброкс“ каде што имаше одлични резултати како тренер, медиумите сега пренесуваат дека меѓу потенцијалните наследници се појавува и Славен Билиќ. Поранешниот хрватски селектор моментално е без клуб, а неодамна беше поврзуван и со можно враќање во Вест хем, но тоа не се случи.