По Дидје Дрогба, и Мајкл Есиен скокна во одбрана на Жозе Мурињо и обвинувањата на Галатасарај за расизам.
Жозе Мурињо ја крена на нозе фудбалска Турција откако по големото дерби помеѓу Галатасарај и Фенербахче порача дека луѓето од клупата на домаќините скокале како мајмуни.
Галатасарај веднаш побара надлежните да отворат постапка, па дури се закани и дека криминално ќе го гони Португалецот.
Фенербахче застана во одбрана на својот тренер, а денеска поддршка дојде и од Дидје Дрогба, поранешниот напаѓач на Чесли порача дека го познава Жозе Мурињо 25 години и со сигурност знае дека „специјалниот“ не е расист.
Во одбрана скокна и Мајкл Есиен, легендата на Гана и Челси на социјалните мрежи објави фотографија од себе покрај Дидје Дрогба и Жозе Мурињо, и постираше три срца.
♥️♥️♥️ pic.twitter.com/s7cAdizbHg
— Michael Essien® (@MichaelEssien) February 26, 2025