272
Младите ѕвезди на Манчестер Јунајтед треба да научат како да се однесуваат кон навивачите. По поразот од Азискиот Ол-стар тим кој е полуаматерски со играчи од мали држави кои се слаби во фудбал, двајца играчи се истакнаа со потезите.
Не само Амад Диало, туку и Алехандро Гарначо направи срамен потег. Имено, при заминувањето од теренот во Малезија тој им покажа среден прст на навивачите кои ги чекаа играчите да минат пред нив, ги фотографираа и снимаа.