Французинот е во
немилост кај Јирген Клоп и нема настап во дресот на Ливерпул од април 2016.
Мамаду Сако најпрво паузираше неколку месеци откако беше позитивен на допинг тест направен
во март 2016 по натпревар со Манчестер јунајтед во Лига Европа, но подоцна се
покажа дека супстанцата не била на забранетата листа и играчот не ги прекршил
правилата.
Дефанзивецот
избегна долга суспензија, но кратко потоа влезе во конфликт со Јирген Клоп.
На подготовките
за новата сезона во САД, играчот не се однесувал според правилата на
Германецот, па беше вратен во Мерсисајд и потоа прекомандуван во резервниот тим.
За Мамаду Сако
немаше место ниту на клупата, па во јануари играчот беше испратен на позајмица
во Кристал Палас.
Популарните
„Орли“ се задоволни од она што го прикажа дефанзивецот на Селхрст Парк и сака да го задржи.
Се верува дка
Кристал Палас и Мамаду Сако веќе се договориле, но проблем преставува сумата
која ја бараат Клоп и Ливерпул.
И покрај тоа што
нема иднина за Французинот на Енфилд, „Црвените“ инсистираат да бидат платени
30 милиони фунти, што е прилично висока сума.