Чаби Алонсо е на излезна врата, доколку Реал Мадрид не го победи Манчестер Сити ќе се случи тренерска смена во кралскиот клуб.
Се пишуваше дека Јирген Клоп и Зинедин Зидан би биле кандидати за нов тренер, но не е достапен ниту еден од нив.
Клоп не планира да му се врати на фудбалот, а Зидан сака да биде селектор на Франција и треба да го наследи Дешам по завршувањето на Светското првенство.
Шпанските медиуми пишуваат дека Алваро Арбелоа е прв фаворит за нов тренер на Реал Мадрид.
Тој во моментов е тренер на младинскиот тим на Реал, а раководството верува дека треба да му даде шанса да го води првиот тим.
Тие сметаат дека Арбелоа добро го познава тимот и ги има вистинските карактеристики за да успее.