Не е лесно да се игра против противник кој се брани, на Лихтенштајн да му се даде гол колку што е можно порано

by
1 минути читање

Македонија е голем фаворит против Лихтенштајн, но противникот не смее да се потцени.

„Фаворити сме, но таквата улога треба да ја оправдаме на терен. Во изминатите години многупати бевме во ваква ситуација и играчите покажаа дека можат да победат. Работите зависат само од нас, Лихтенштајн има изменета селекција во однос на мечевите од 2018 година. Треба да дадеме гол што е можно побрзо, но да не одиме безглаво во напад. Против Романија промашивме многу шанси, но утре треба да дадеме гол од првата можност“, вели селекторот Ангеловски на денешната прес конференција.

Со мислењето на селекторот се сложува и Барди, убаво е Македонија да постигне рано гол.

„Имаме кввалитет, ќе играме на Европско и сега поинаку не гледаат противниците. Атмосферата е одлична како и секогаш, уживаме да играме за репрезентацијата. Секогаш е тешко да се игра против селекција која се брани со 11 играчи. Важно е да дадеме рано гол, а потоа се ќе биде полесно“, вели Барди.

На прес-конференцијата селекторот потврди дека Велкоквски е подобар но ќе го пропушти и утрешниот меч, а Адеми повторно ќе добие дозирана минутажа.

Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра утре (недела) со почеток од 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×