Пред дуелот со
Њукасл, „Специјалниот“ откри добри вести за навивачите на Манчестер јунајтед,
во составот се враќаат Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба и Маркос Рохо.
Пол Погба е
надвор од стројот од 12. септември, додека пак Ибра и Рохо за последен пат
играа во април против Андерлехт во Лига Европа.
„Играчите кои не
заминаа на должност со репрезентациите и се опоравуваа од повреди, дури и оние
кои имаа тешки повреди, подготвени се за настап” – вели Жозе Мурињо во разговор со ТВ каналот на „Црвените
ѓаволи“.
Запрашан точно да
посочи кои играчи се враќаат, тој додаде: „Погба, Ибрахимовиќ и Маркос Рохо.
Сите тројца ќе се најдат во составот”.
„Не сакав да
зборувам додека тој беше повреден, но јасно се гледа каков беше Манчестер
јунајтед пред повредата на Погба, и по неговата повреда”.
„Нашиот пристап е
сосема поразличен со Погба и без Погба”.
„Златан, минатата
сезона, ја одигра секоја минута се додека не се повреди. Оваа сезона се
научивме да играме без него, се научивме да играме на поразличен начин. Но тој
е многу важен играч за нас, па секако дека ми е мило што се врати”.
„И повреден беше
супер професионалец, работеше фантастично. Неговото опоравување е неверојатно. Да сите велеа дека ќе се врати во 2017, но едно е 31. декември а сосема друго е
средината од ноември. Секако, не можете да очекувата Ибра да игра 90 минути или
натпревари во серија. Потребно му е време да го видиме оној стариот Златан“.
„Истото важи и за
Маркос Рохо, имаше тешка повреда, голема операција. Веќе играше за У23 тимот во
средата. Се е во ред со него, полн е со самодоверба и подготвен за настап”.