Лаутаро Мартинез
е на врвот од листата со желби на Барселона и се верува дека Аргентинецот уште
летоска сака да му се придружи на својот сонародник Лео Меси.
Напаѓачот денеска
се најде на насловната страна на Спорт, каталонскиот весник пренесе дека двата клуба
се во напредни преговори и начено постигнале согласност за трансфер од 60 милиони евра плус двајца играчи,
Интер ќе треба да одбира од Иван Ракитиќ, Самуел Умтити, Артуро Видал и Нелсон
Семедо.
Според
пишувањата на Газета дело Спорт, предлогот на Барселона бил многу побогат и
изнесувал 80 милиони евра плус услугите на тројца играчи, односно Нелсон Семедо,
Жуниор Фирпо и Жан Клер Тодибо.
Сепак, „нероаѕурите“ ја одбиле понудата и порачале дека ова не е доволно за да се
разделат со Лаутаро Мартинез. Аргентинецот има откупна клаузула од 111 милиони
евра, и клубот од Милано преферира да ја добие оваа сума и при само една исплата.
Бепе Марота е
подготвен да направи компромис и да прифати помала бројка (80-90 милиони евра)
која ќе биде платена на рати но само под услов како дел од трансферот Интер да
добие фудбалер кој е по нивна мерка, како Артур Мело.