Не добива шанса од Мурињо, но Марсијал ќе потпише нов договор со Манчестер јунајтед!?

by
0 минути читање

22-годишниот Марсијал во Манчестер јунајтед дојде во 2015 година за 58 милиони фунти, во тоа време беше најскапиот тинејџер.

Но, работите не се одвиваа најдобро за него, многу ретко е стартер кај Жозе Мурињо па се шпекулираше дека ќе си замине од клубот.

Сега „Телеграф“ пишува дека Манчестер јунајтед и Марсијал се во напредни преговори за потпишување на нов петгодишен договор.

Дали Марсијал со овој потег верува дека може да се избори за место во тимот на Мурињо или можеби смета дека Португалецот наскоро ќе добие отказ, па без него на клупата ќе игра повеќе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×