164
Напаѓачот Доминик
Соланке беше во немилост кај италијанскиот стратег Антонио Конте изминатата
сезона во Англија, па не доби можност за настап на ниту еден натпревар во
Премиер лигата за овогодинешниот шампион.
Иако 19 годишниот
Соланке доби понуда од Челзи за продолжување на соработката, тој ги одби, за
веднаш потоа да се договори со Ливерпул, каде ќе пристигне и официјално ќе биде
промовиран во нов играч на 1. јули.
Соланке е инаку
член на младинската репрезентација на Англија.