1,1K
По натпреварот помеѓу Осасуна и Реал Мадрид најмногу се зборува за исклучувањето на Џуд Белингем.
Белингем беше исклучен откако судијата сметаше дека го навредил, а по натпреварот во записникот наведе дека му се обратил со зборовите „е*и се“. Од друга страна фудбалерот тврди дека бил погрешно разбран.
Во меѓувреме шпанските медиуми потсетија дека не е првпат Белингем да има проблем со судијата Муниер.
Имено, во натпреварот против Еспањол, Белингем беше снимен од камерите како по еден жолт картон кој го доби од Муниер изговара.
„Какво го*но“.
Белингем тогаш не беше санкциониран со исклучување.