„Не би сакал да сум во кожата на Игуаин, го чека пекол“

by
1 минути читање

Аргентинецот овој
викенд за прв пат се враќа на Сан Паоло откако минатото лето реши да го замени
Наполи со лутиот ривал Јувентус.

Гонзало Игуаин во
очите на „Наполитанците“ е голем предавник и Паоло Роси го предупредува
„Пипита“ дека го чека пекол на Сан Паоло.

Легендата на
Италија има слично искуство откако во 1978 година одби да се пресели во Наполи
па беше омразен лик во Неапол

„Не би сакал да
бидам во негова кожа“
– вели Паоло Роси.

„Неговата
ситуација е далеку потешка од мојата бидејќи играше за Наполи. Мене ме чекаше
пекол, па во најмала рака и него го чека истото“.

„Успев да погодам
од пенал, но секој пат кога ќе ја допрев топката следуваа луди свирежи од
трибините. Ме свиреа 80.000 луѓе на стадионот, па на моменти бев парализиран“.

„Но сиврежите ме
направија подобар играч, мој совет за него е дека свирежите ги прават
шампионите посилни“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани