„Не би платил ниту 10 милиони фунти за Рашфорд… ќе блесне на еден натпревар, па ќе се изгуби на 10“

by bojan
1 минути читање
Рашфорд

Поранешниот голман, Бен Фостер упати критики на адреса на Маркус Рашфорд, вели дека напаѓачот ќе блесне на еден натпревар, па потоа ќе се изгуби на 10 натпревари.

Иднината на Маркус Рашфорд на Олд Трафорд е под голем знак прашалник откако Рубен Аморим реши да го изостави напаѓачот од составот на неколку натпревари во низа.

Се шпекулира дека Англичанецот е ставен на продажба и Манчестер јунајтед бара 40 милиони фунти за неговите услуги.

„Јас не би платил ниту 10 милиони фунти“ – вели поранешниот голман Бен Фостер, кој пет години беше дел од Манчестер јунајтед.

„Исто така, преку глава ми е кога слушам како луѓето велат, „Кога му е денот, кога му е денот“ Ден му е еднаш во 10 натпревари, ќе блесне на еден натпревар, па ќе се изгуби на следните десет“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×