Навивачка побара потпис од Меси на дрес од неговиот најомразен клуб, еве ја неговата реакција (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Една навивачка,
веројатно на Росарио Централ, бидејќи носеше дрес на тој клуб, побара од Лионел
Меси да и се потпише на истиот дрес, на што ѕвездата на Барселона ја игнорираше
во таа ситуација, а причината е сосема јасна.

Меси е голем
навивач на Њуелс Олд Бојс, клуб кој во Аргентина е голем ривал токму со
Росарио, нивните натпревари се големи дерби средби во Аргентина, вон Буенос
Аирес, и често се случуваат големи инциденти.

Практично, тоа би
било исто во случај навивач да побара од Меси да се потпише на дрес од Реал
Мадрид, што веројатно е дека никогаш нема да се случи. Сосема очекувано, навивачката
не го доби тоа што го посакуваше па упати и некои зборови кон него.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

Esto pasa cuando sos resentida e
irrespetuosa… igual parece que no la escucha pic.twitter.com/XwQJhzK47J


Juanpi Samuel (@juanpisamuel) August
28, 2018

Меси израсна во
дресот на Њуелс Олд Бојс, мина шест години во тој клуб пред да се пресели во
Барселона во 2001. година.

Ќе додадеме дека
Аргентинецот во неколку интервјуа во минатото посочил дека единствен клуб
поради кој би си заминал од Барселона е токму Њуелс Олд Бојс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×