Вејн Руни попладнево истрча на Олд Трафорд во дрес на Манчестер јунајтед како дел од ревиалниот натпревар помеѓу легендите на „ѓаволите“ и Селтик, напаѓачот погоди мајсторски во аголот од слободен удар.
Вејн Руни имаше проблем со вишокот на килограми уште кога беша активен фудбалер, а по крајот на кариерата, за брзо време стана буцко.
Навивачите често со подбиваат со неговиот физички изглед, а така беше и денеска кога напаѓачот истрча на Олд Трафорд во дрес на Манчестер јунајтед за ревиалниот натпревар помеѓу легендите на „ѓаволите“ и Селтик.
Но зајадливите коментари се претворија во пофалби откако Вејн Руни мајсторки реализираше од слободен удар, го префрли живиот ѕид и погоди во аголот.
Некои дури на шега го прашуваа Ерик тен Хаг дали го гледа натпреварот бидејќи ова е прв гол од слободен удар на Манчестер јунајтед на Олд Трафорд во последните две години.
Wayne Rooney, at 38 years old, scores Manchester United's first free-kick goal at Old Trafford in two years.
— CentreGoals. (@centregoals) September 7, 2024
pic.twitter.com/8PPh6ckyad