Навивачите не му простуваат на Икарди: Свирежи, навреди и забрана да се слави голот на Аргентинецот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По 53 дена надвор
од тимот, Мауро Икарди се врати на терените, тој се најде во стартниот состав против Џенова и забележа гол и асистенција во убедлиата победа од 0-4.

И додека клубот и
напаѓачот ги испеглаа недоразбирањата и се фокусираат на обезбедување топ
четири пласман, навивачите не му простуваат на Мауро Икарди.

Оние најжешките
тифози синоќа на „Луиџи Ферарис“ го свиреа и навредуваа Аргентинецот. Камерите
исто така уловија и интересен момент кога Мауро Икарди погоди од белата точка.
Водачот на ултрас навивачите даде наредба да не се слави голот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×