571
Шпанија е секако
една од засегнатите земји поради коронавирусот, а вечерва реванш пресметката
помеѓу Валенсија и Аталанта во рамките на осминафиналето од Лигата на
шампионите ќе се одигра без присуство на публика на трибините.
Аталата во првиот
дуел на домашен терен славеше со високи и убедливи 4-1, па на Валенсија и
претстои речиси „невозможна мисија“ вечерва, па навивачите на шпанскиот прволигаш
упатија поддршка до нивниот омилен клуб.
И покрај строгите
мерки на претпазливот поради коронавирусот, навивачите на Валенсија се собраа
пред „Местаља“ и упатија поддршка до фудбалерите на шпанскиот прволигаш.