Реал Мадрид денеска започна со продажба на дресови со презимето на Килијан Мбапе а навивачите побрзаа да нарачаат дрес од новата ѕвезда, па ќе треба да почекаат од 4 до 6 недели за да го добијат продуктот.
„Кралевите“ уште минатиот месец го потврдија ангажманот на Килијан Мбапе, но поради очигледни правни причини, напаѓачот од 1. јули е нов фудбалер на Реал Мадрид.
Оваа недела беа одредени и новите броеви за сезоната 2024/25, па Реал Мадрид денеска конечно го пушти во продажба дресот на Мбапе со бројот 9.
Па навивачите полудеа по дресот на Французинот, очигледно ги надминаа и прогнозите на „кралевите“, и за кратко време се појави информација дека поради зголемena побарувачката, рокот на испораката може да биде одложен за 4 до 6 недели.
За дресовите на останатите ѕвезди како Винисиус и Белингем, испораката останува стандардна, осносно 3 работни дена.
Дресовите за возрасни со презимето на Мбапе и бројот 9 се продаваат по цена од 120 до 185 евра, па „кралевите“ и спонзорот Адидас тријат раце.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.