Навивачите на Реал Мадрид ја одбраа замената за Роналдо

by
1 минути читање

Во изминатите години Кристијано Роналдо стана симбол на Реал Мадрид, но кралскиот клуб сега ќе започне ера без него.

Клубот се уште не договорил замена за Кристијано Роналдо, навивачите чекаат големо засилување, а се шпекулира со неколку имиња.

„Марка“ направи анкета за навивачите на Реал Мадрид за тоа кој сакале да биде замената за Роналдо. Гласаа преку 200.000 луѓе, а најмногу гласови освои Хари Кејн од Тотнем, 24% од гласовите беа за него, тој се најде пред Кавани и Икарди кои имаа по 14%, потоа следуваа Левандовски, Мариано…

На анкетата не беа понудени нереални цели како Килијан Мбапе и Нејмар. А не беше ниту Азар бидејќи тој и не се смета за напаѓач кој постигнува многу голови иако е скап и е посакувана цел на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×