Навивачите на Њукасл со отворено писмо против назначувањето на Стив Брус

by
2 минути читање

Девет групи како
поддржувачи на Њукасл со отворено писмо се обратија јавно по назначувањето на
Стив Брус за нов тренер на Премиерлигашот по Рафа Бенитез, тие негодуваат на
оваа одлука на клубот, а уште еднаш застанаа против првиот човек на клубот Мајк
Ешли.

Од поодамна
навивачите на Њукасл се во војна со сопственикот на клубот од кого бараат да си
замине, најновата одлука за Стив Брус да го преземе кормилото на тимот за нив е
уште една од многуте погрешни чекори и политики на клубот.

Стив Брус не е
амбициозно назначување од еден неамбициозен сопственик, од светска-класа од
тренер во Рафа Бенитез, кој донесе стабилност и обединетост во клубот до Стив
Брус, кој веројатно е дека не би добил работа во било кој од другите клубови во
Премиерлигата во моментов – во период од шест недели ова е разочарувачки
“ пишува
во соопштението потенцирајќи ги шесте недели како период пред стартот на новата сезона во Премиерлигата.

Во Брус, Мајк
Ешли се одлучи за тренер кој доживеа испаѓање во понизок ранг неколку пати
“ се
вели во дел од соопштението.

За многумина на Островот, одлуката на Њукасл да го назначи Брус за нов тренер откако не успеа да се договори за продолжување на соработката со Бенитез кој си замина по три години од тој клуб, „Скај Спортс“ извести дека Брус бил дури 11-та опција за Њукасл од изборот кој го имал Премиерлигашот.

Назначувањето на
Брус е тестамент на продолжувањето на Ешли со лошите политики во Њукасл, време
е за продажба на клубот на некои кои ќе сакаат да го задвижи клубот напред

додаваат навивачите на Премиерлигашот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани