Навивачите на Манчестер јунајтед со порака до Мурињо: Овие шест фудбалери треба да ги продадеш

by
1 минути читање

Се чини дека
навивачите на Манчестер јунајтед имаат големи забелешки за дефанзивната линија
на нивниот омилен тим, а извесно е тоа и дека го загубиле трпението со скапото
засилување Алексис Санчез.

Во пресрет на
јануарскиот преоден рок, тие гласаа на анкетата на
MEN за тоа кои фудбалери треба да бидат продадени, а
на нивната листа се најдоа шестмина фудбалери, од кои, дури петмина дефанзивци.

Повеќе од 60% од навивачите
кои гласаа, го советуваа клубот дека треба да ги скрати трошоците на Санчез по
само десет месеци по неговиот трансфер на Олд Трафорд од Арсенал.

Фановите ставија
јасно дознаење дека се потребни нови дефанзивни алтернативи за Жозе Мурињо,
особено е потребен квалитетен централен бек во јануарскиот преоден рок, а 92,5%
кои гласаа на таа тема, порачаа дека е потребна продажба на Матео Дармиан,
додека 80% сакаат да се ослободат од Маркос Рохо, односно Фил Џонс.

Крис Смолинг,
како и Антонио Валенсија исто така треба да се на „излезна врата“ од клубот,
барем според мислењето на фановите на клубот.

Интересно е тоа
што голема популарност привлече Ентони Марсијал со своите неколку фантастични
перформанси изминатиов период, па така, тој е прва опција за тоа кој фудбалер
треба да се задржи во составот, втор е Лук Шо, а следат Де Хеа, Далот, Рашфорд,
Лингард…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×